Не го отпишувајте Гомез: Силва верува дека Португалецот ќе се врати оваа сезона

По ужасната повреда на скочниот зголб на дуелот против Тотенхем, фудбалерот на Евертон, Андре Гомез е приморан долго време да отсуствува од фудбалскиот терен. Португалскиот играч за врска денес беше пуштен на домашно лекување, по тешкиот оперативан зафат кој поминал во најдобар ред, но многумина сметаат дека сезоната за него е завршена. 

Но, не мисли така менаџерот на „карамелите“, Марко Силва. Тој вели дека точниот датум никој не може да го каже, но според информациите кои ги добил од лекарскиот тим кој е задолжен за Гомеш, можно е неговиот фудбалер уште оваа сезона да се врати на терените. 

„Речиси и да е невозможно да се каже кога точно ќе се врати. Но, според информациите кои ги добив од лекарскиот тим можно уште оваа сезона Гомез да ни се врати. На прв поглед се чинеше дека повредата е многу сериозна, но сè помина во најдобар ред и сите се надеваме дека Андре напролет ќе биде во нашиот тим“, вели Силва. 

Во неделата, Андре Гомез стана водечка тема кај спортски медиуми, поради сериозната повреда што ја заработи на натпреварот со Тотенхем. По еден незгоден дуел со Мин Сон и контактот со Орие, настрада неговиот глужд кој целосно беше дислоциран.