ВИДЕО: Не го оставаат на мира - фановите со брилијантен сеир за лапсусот на Де Хеа

Меси Де Хеа

Важи за еден од најдобрите голмани во светот, но вчера целосно разочара на гостувањето на „Камп Ноу“.

Првиот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, направи несекојдневен пропуст при вториот погодок на Лионел Меси. Тој ѝ го отвори патот на Барселона до полуфиналето кое беше запечатено со прекрасната реализација на Филип Кутињо.

Фановите на социјалните мрежи не пропуштија да го исмеат лапсусот на Шпанецот, а пронајдоа и реклама која целосно го отслика неговиот настап во првиот дел од реваншот.

На истата, Меси и Де Хеа се во главна улога, а Аргентинецот му краде од чипсот на голманот на „црвените ѓаволи“ и потоа му се смее.

Каталонците ќе го дознаат полуфиналниот противник по денешниот меч меѓу Порто и Ливерпул