ВИДЕО: Не ги пуштаат на трибини, па фановите на АИК се собраа во трговски центар!

Општо познато е дека во најголем дел од земјите во светот, навивачите не присуствуваат на спортските настани поради пандемијата со коронавирусот. 

Една од тие земји е и Шведска, која и покрај тоа што немаше огромни проблеми со кризата, на трибините дозволува да има само по осум најсреќни навивачи. Поради тоа, фановите на АИК се решија на интересен начин да го покажат апсурдот со одлуките на својата влада. 

Тие се собраа во еден трговски центар во голема бројка, ги закачија транспарентите и запеаја навивачки песни за својот АИК. 

  • Видео од собирот на фановите на АИК: 

Навивачите на овој шведски клуб сакаа да покажат дека одлуките на владата се нелогични, бидејќи трибините на стадионите се затворени за големи групи, а во земјата нема закон кој ги ограничува јавните собири од било која сфера.