Не е време за пензија, легендарниот Тиаго Силва ќе игра во Бразил!

Легендарниот бразилски дефанзивец, Тиаго Силва, нема намера да стави крај на својата богата кариера. Иако во септември ќе наполни 42 години, искусниот стопер потпиша договор со Флуминенсе, со важност до крајот на 2026 година.

Се чинеше дека по сезоната во Порто ќе се пензионира, но Силва реши да продолжи да игра во клубот каде што ја изгради својата репутација и се наметна како бразилски репрезентативец.

Во текот на кариерата настапуваше за Милан, ПСЖ и Челси, а за репрезентацијата на Бразил одигра 113 натпревари до 2022 година. Неговото враќање во Флуминенсе претставува уште едно поглавје во кариерата на еден од најдобрите дефанзивци на својата генерација.