Не е сè во парите: Џеко одбил мало богатство за да премине во Шалке!

Искусниот напаѓач Един Џеко донел изненадувачка одлука во зимскиот преоден рок, откако одбил многу подобра финансиска понуда од Париз ФЦ и наместо тоа, реши да потпише за германскиот второлигаш, Шалке 04. 

Францускиот клуб му понудил краткорочен договор од пет месеци вреден околу 1,3 милиони евра, но босанскиот напаѓач не бил заинтересиран за преселба во Франција. Наместо тоа, прифатил значително помала плата за да се приклучи на Шалке, каде што според информациите ќе заработи околу 300.000 евра до крајот на сезоната.

Оваа одлука покажува дека за Џеко во овој момент не била пресудна финансиската страна, туку спортскиот предизвик и можноста да игра во клуб со голема традиција и силна поддршка од навивачите.

Така, наместо преселба во Франција, искусниот голгетер се реши да му помогне на Шалке во борбата за подобри резултати и враќање на клубот на местото кое му припаѓа во германскиот фудбал.