Не е сè така сјајно во Ливерпул? Две ѕвезди се затуркаа на тренинг (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул е апсолутен лидер во Премиер лигата и има 15 бода повеќе од второпласираниот Арсенал, сигурно чекорејќи кон титулата. 

Сепак, снимка од еден од тренинзите покажува дека можеби и не е сè така сјајно во тимот. Станува збор за мала турканица и вербална расправија на Мохамед Салах и Трент Александер Арнолд. Двајцата почнаа да си дофрлаат, дојдоа еден до друг и веднаш соиграчите ги разделија. 

Дел од играчите дури и се смешкаа, па останува нејасно дали беше нејасно дали Салах и Трент нешто пријателски си дофрлаа и се шегуваа или имаа недоразбирање.