Не е само Салах, Ливерпул задржува уште две клучни алки во тимот

Навивачите на Ливерпул имаат многу причини за задоволство. Тимот е првопласиран во Премиер лигата, одлично му оди и во Лигата на шампионите, а пред само неколку дена се најави и новата соработка со првата ѕвезда, Мохамед Салах

Египетскиот репрезентативец ќе остане кај „црвените“ уште барем три сезони, а сега истото се најавува и за уште двајца исклучително важни играчи - Вирџил ван Дајк и Трент Александер Арнолд

И двајцата веројатно го добиваат она што го посакуваат, а тоа е тригодишен договор со зголемување на платата, што значи дека нивната заработка ќе порасне за најмалку 20 проценти. Александер Арнолд во моментов заработува 9,4 милиони евра годишно, додека Ван Дајк има два милиони повеќе од Англичанецот. 

Се работи за фудбалери кои заедно имаат над 500 настапи за „црвените“ во сите конкуренции, а првиот тим буквално е незамислив без нив. Оваа сезона повторно играат во брилијантна форма, па затоа управата реши да ги награди со нова соработка. Официјалната потврда за новите договори се очекува до крајот на следната недела.