Не е само Милинковиќ-Савиќ, Јунајтед сака да купи уште еден Србин!

Неколку дена интензивно се шпекулира за евентуалниот трансфер на младата српска ѕвезда Сергеј Милинковиќ-Савиќ во редовите на Манчестер Јунајтед. 

Според британските медиуми „ѓаволите“ веќе подготвиле понуда која Лацио тешко веројатно дека ќе ја одбие, но утринава „Manchester evening news“ објави дека на „Олд Трафорд“ ќе пристигне уште еден српски репрезентативец. 

Мета на Оле Гунер Солскјер е Никола Миленковиќ, младиот стопер на Фиорентина. За Србинот, Јунајтед беше заинтересиран уште во јануарскиот преоден рок, но тогаш италијанскиот клуб ја одби понудата од 40 милиони евра, барајќи дополнителни десет, но сега наводно двете страни се договориле и Миленковиќ ќе биде ослободен да се пресели во Манчестер. 

Што се однесува до трансферот на Милинковиќ-Савиќ, Јунајтед најверојатно ќе го чини 80 милиони евра, плус бонуси.