Не е само ЕП: Коронавирусот ја помести и Копа Америка

Коронавирусот направи голем проблем во светот на спортот, затоа што се поместија голем број на спортски настани и се направи хаос во календарот. Најновиот настан кој е поместен е 47. издание на Копа Америка.

>>> ОФИЦИЈАЛНО: УЕФА го одложи Европското првенство!

УЕФА одлучи да го помести Европското првенство за 2021 година, а слична одлука донесе и Конмебол, од каде членките одлучија Копа Америка да не се игра оваа година.

Натпреварувањето беше закажано од 12 јуни до 12 јули во Аргентина и Колумбија, но е поместено за 2021 година. Наскоро се очекува официјално соопштение и потврда и за ова поместување.

Актуелен првак во Копа Америка е Бразил кој титулата ја освои во 2019 година.