Не е повеќе добро момче: Родриго го кажа забранетиот збор, Меси го фати за врат и му возврати! (ВИДЕО)

Репутацијата на Лионел Меси како „добро момче“ е доведена во прашање по жестоката расправија за време на напнатиот натпревар од квалификациите за Светското првенство помеѓу Бразил и Аргентина на „Маракана“. „Гаучосите“ го добија натпреварот со 0-1.

Долгоочекуваниот квалификациски натпревар за СП 2026 година се претвори во хаос поради големите немири на трибините. Среде немирите, тензиите зовреа и на теренот, што доведе до расправија меѓу Лионел Меси и Родриго де Пол од едната и Родриго од другата страна, што дополнително ја комплицираше и онака бурната ситуација.

Капитенот на „гаучосите“ и неговиот „телохранител“ на теренот беа вклучени во жестока вербална расправија со ѕвездата на Реал, а тамошните медиуми пишуваат дека Родриго ги нарекол Меси и неговите соиграчи „кукавици“.

Навредата предизвика жестока реакција кај осумкратниот освојувач на „Златната топка“, кој одговори фаќајќи го Бразилецот за врат.

„Ние сме светски шампиони, зошто сме кукавици? Внимавајте што зборувате“, остро му рекол Меси на четиринаесет години помладиот бразилски фудбалер.

Досега Меси беше претежно познат како мирен и резервиран тип кој избегнуваше расправии и тепачки на теренот, но кон крајот на кариерата реши да ја промени таа улога.

Состави

Доривал Жуниор

4-4-2

    Лионел Скалони

    4-4-2