Не е изненадување што Јунајтед загуби, еве колку пенали во низа примил Де Хеа

Де Хеа

Пенал рулетот го направи Виљареал благ фаворит за титулата во Лига Европа. Причината за тоа е очајната статистика на Давид Де Хеа кога се во прашање ударите од белата точка.

Шпанскиот голман не одбрани ниту еден од обидите на противникот, кои шутираа единаесет пати. На крај тој промаши и стана трагичар на „црвените ѓаволи“ во големото финале во Гдањск.

Искусниот чувар на мрежата стигна до негативна серија од 38 пенали во низа на кои не запишал интервенција. Интересно е тоа што на само еден од нив бил блиску до спречи погодок на ривалот.

Денот кога Де Хеа последен пат одбранил пенал е 23 април 2016 година. Тогаш беше подобар во директниот дуел со Ромелу Лукаку, во рамки од ФА Купот.

Црната серија на Шпанецот трае од септември истата година, кога прими гол од Трој Дини.