ВИДЕО: Ндиаје го реши Мали, Сенегал е прв полуфиналист на АКН!

Репрезентацијата на Сенегал е првиот полуфиналист на Африканскиот Куп на нации, откако во четвртфиналниот натпревар ја надигра селекцијата на Мали со минимални 0-1 (0-1). 

  • Извештај од натпреварот:

Не бевме сведоци на премногу атрактивен фудбал, а во „мешаницата“ на теренот подобро се снајдоа Сенегалците, кои победија со единствениот погодок на напаѓачот на Евертон, Илиман Ндиаје. Погодокот дојде во 27. минута и се покажа како сосема доволен за голем триумф и обезбедување пласман меѓу четирите најдобри на турнирот.

Мали, кој на патот до четвртфиналето го елиминира Тунис, немаше зрели шанси, комплетно се отвори, но ризикуваше поубедливо да загуби.

Сенегал во полуфиналето ќе се соочи со подобрата репрезентација од дуелот помеѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска.