Ндерим Неџипи повеќе не е спортски директор на Кукс

Некогашниот македонски фудбалер Ндерим Неџипи си замина од Кукс и повеќе не ја извршува функцијата на спортски директор.

По три и пол години, некогашниот играч на Работнички, Слога Југомагнат, Шкендија, како и повеќе интернационални клубови, реши дека е време да си замине. Неџипи ќе бара нов предизвик, а не е исклучена можноста пак да се врати во Македонија.

Кукс оваа сезона ја заврши на шестото место во албанскиот фудбалски шампионат и нема излез во Европа, нешто што беше пракса во изминатите години кога играше во УЕФА Европа Лигата.