ФОТО: Навивачот со автомобил од 40 фунти се врати во Ливерпул

Симон Вилсон

Авантурата на навивачот на Ливерпул, кој реши да патува на финалето на Лигата на шампионите во Мадрид со автомобил од 40 фунти, се рашири во фудбалскиот свет.

Симон Вилсон доби позитивни коментари од цел свет, а сега се пофали дека се врати безбедно во својот град. Тој постави фотографија од автомобилот пред стадионот „Енфилд“.

„Да бидам искрен, цел пат до Мадрид бев скептичен и мислев дека нема да успееме. Моторот свиреше гласно, но само го попушташ радиото и забораваш на тоа. Навистина го сакам Ливерпул и немав 800 фунти за авионска карта.

Да, навистина беше долг пат, но мислам дека ме чинеше само 200 фунти за гориво. Би им го препорачал ова искуство на сите. Ако екипата се избори за финале во Истанбул, ќе подготвиме нешто специјално“, вели Симон.

Патувањето не беше залудно со оглед на победата на „црвените“ против Тотенхем и прославената шеста титула во натпреварувањето.