• Саше Љолес
Славниот фудбалер и еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, Луис Назарио да Лима, Роналдо официјално го стави на продажба шпанскиот клуб Ваљадолид.
Бразилецот беше сопственик на клубот кој минатата сезона испадна во Сегунда, а според шпанските медиуми, нов сопственик ќе биде локалната градежна компанија „Инексо“. Уште нема официјална потврда за продажбата, но тоа се очекува да биде споделено со јавноста во следните неколку денови.
Роналдо го купи мнозинскиот пакет акции во Ваљадолид во 2018 година за сума од 30 милиони евра, а сега ќе го продаде во две фази. „Инексо“ најпрво ќе купи 49% од акциите за сума од 28,7 милиони евра, а остатокот од пакетот ќе мора да го откупи помеѓу 2028 и 2030 година.
Компанијата најавува поголем буџет за засилувања и враќање на клубот во Примера, што секако ги радува навивачите на Ваљадолид, кои беа незадоволни од работата на Бразилецот и подолго време бараа негово заминување.