• Саше Љолес
Управата на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс е повторно во сериозни финансиски проблеми, иако ситуацијата не е толку драматична како онаа пред тринаесет години, кога клубот комплетно банкротираше и беше преселен во најнискиот ранг на натпреварување.
Сепак, ситуацијата воопшто не е сјајна и клубот во моментов има „минус“ од 17,5 милиони евра. Приходите минатата сезона изнесувале 92 милиони евра, но поголем е негативниот биланс кој доведе до овој долг.
Главна причина за долгот се новите играчи кои пристигнаа оваа и минатата сезона. Реџерс купува поскапо од тоа што успева да продаде, а дел од сумата е наталожена и поради платите на дел од фудбалерите.
Управата не успеа да го избалансира долгот со приходите од комерцијални цели, а навивачите веќе упатија протестна нота и стравуваат нивниот омилен клуб да не се најде повторно во лоша ситуација како онаа во 2011 година.