Навивачите се загрижени, Баерн не кажува ништо за здравјето на Мусиала!

Навивачите на Баерн Минхен стравуваат за здравјето на Џамал Мусиала, откако 23-годишниот фудбалер се сруши на теренот во финишот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг.

Мусиала се онесвести непосредно пред крајот на мечот, што веднаш ги загрижи неговите соиграчи и навивачите. Медицинскиот тим веднаш интервенираше, а еден од фудбалерите на Баерн покажа со палец дека ситуацијата е под контрола.

По укажаната помош, Мусиала успеа сам да го напушти теренот и да се упати кон соблекувалните, иако делуваше видно замаено.

Од Баерн засега нема официјални детали за неговата состојба. Членот на управата задолжен за спортскиот сектор кратко порача: - „Најважно е дека тој се чувствува добро“. 

Една од причините може да биде и топлото време, бидејќи во тој момент температурата во Минхен изнесувала 33 степени.