Навивачите незадоволни: Вулверхемптон се интересира за Игуаин

Игуаин

Иднината на Гонзало Игуаин ќе биде едно од прашањата на кое треба ова лето да се најде одговор. Голгетерот нема да добие нов договор од Јувентус и ќе ја продолжи кариерата на друго место.

Во последните неколку месеци се шпекулираше за неколку тима кои се подготвени да го доведат. Тоа беа Милан, Наполи и ПСЖ, а сега се појави и екипа од Премиер лигата, која наводно би сакала да го засили својот напад со него.

Првиот напаѓач на Вулверхемптон, Раул Хименес, најверојано ќе си замине, па тоа ќе остави празнина, која можно е да се пополни со искусниот напаѓач. На 32-годишна возраст, најголем проблем за англискиот прволигаш ќе биде платата која ќе ја бара поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Челзи.

Навивачите изразија незадоволство на социјалните мрежи, негодувајќи за промената која би можела да претрпи нивниот напад во пресрет на новата сезона. Некои за Игуаин напишаа дека е „готов“ и дека нема што да бара во тимот на Нуно Еспирито Санто.

Развојот на ситуацијата околу аргентинскиот фудбалер ја следи и Њукасл Јунајтед.