• Горан Упале
Сабота е ден за прослава за навивачите на Динамо Дрезден, бидејќи иако нивниот клуб беше поразен, успеа да обезбеди промоција во „Цвајте“.
Победата на Арминија Билифилд над Сарбрикен беше одлучувачка, па на едно коло до крајот на сезоната, Динамо и Арминија обезбедија промоција во втората по ранг лига на германскиот фудбал.
Голем број навивачи на Дрезден отпатуваа во Манхајм, па за малку ќе избувнеа немири, а во еден момент натпреварот дури беше прекинат. Полицијата влезе на теренот за да спречи блиска средба меѓу домашните и гостинските навивачи кои беа подготвени да влезат во теренот.
Dynamo Dresden to 2.bundesliga #svwsgd #sgd1953 pic.twitter.com/zaXC5IoCvA
— Ultras Clips (@ultras_clips) May 10, 2025
Кога натпреварот конечно заврши, следуваше голема прослава на навивачите на Динамо, секако полицијата беше таму за да обезбеди сè, дури видовме и „коњаница“.