• Саше Љолес
Додека Шефилд Венсдеј се соочува со една од најтешките фази во својата историја, навивачите се покажуваат како вистински спасители на клубот.
По објавата дека клубот е пред банкрот и доби казна од 12 поени од лигата, надежта многумина ја гледаат во сопствените редови - во илјадници луѓе кои не дозволуваат нивниот омилен тим да пропадне.
„Ова е наш клуб, наш дом. Сега е наш ред да го спасиме“, вели Марк Томпсон, долгогодишен навивач, кој веќе организира акции за собирање средства и промоција на клубот. Откако беше објавено дека клубот е во финансиска криза, навивачите се активираа на сите фронтови – од масовно купување на билети за натпревари, до донации за клупската продавница. Само во првите 24 часа по објавата, беа продадени над 9.000 сезонски билети, а приходите од продавницата надминаа 200.000 фунти.
Навивачите не само што помагаат финансиски, туку организираат собири и јавни акции, повикувајќи го сопственикот да ја преиспита својата позиција и да овозможи стабилност во управувањето. „Не бараме само да ја спасиме историјата на клубот, туку и неговата иднина“, додава навивачот Томпсон.
За многумина, ова е последната шанса за „нов почеток“. Со секој билет продаден билет и секоја донација, навивачите покажуваат дека љубовта кон клубот не се мери само со резултатите на теренот. Медумите пишуваат дека фановите се вистинското срце на Шефилд Венсдеј, и според многумина, токму тие можат да го спасат клубот од финансиски колапс.






