ФОТО: Навивачите на Селтик со транспарент до Роџерс - „Секогаш ќе бидеш измамник“

Роџерс Селтик

Заминувањето на Брендан Роџерс од Селтик не помина без реакција од навивачите на клубот. 

46-годишниот стратег си замина на сред сезона за да го пополни празното тренерско место во Лестер Сити кое го остави Клод Пуел. Приврзаниците на екипата од Глазгов веднаш реагираа и му посветија транспарент на кој напишаа:

„Ја замени бесмртноста за просечност. Ти никогаш нема да бидеш „келт", секогаш ќе бидеш измамник“.

Ниту седумте титули, ниту пласманот во Лигата на шампионите во првите две сезони, ниту историскиот рекорд од 69 натпревари во низа без пораз не беа доволни Роџерс да добие достојно збогување од Шкотска.