• Саше Љолес
Навивачите на италијанската Рома јавно побараа од клупската управа да направи исчекор во преговорите со голманот Миле Свилар и да го задржи во тимот во следните неколку години.
Чуварот на мрежата се наметна во првиот тим и прикажа извонредни партии, а тоа беше повеќе од јасен сигнал за фановите дека треба да остане во Рим. Свилар беше во преговори со Рома, но работата „запна“ околу неговите примања, па затоа навивачите посакуваат овој проблем да биде што поскоро решен и во иднина повторно да го гледаат меѓу стативите на „Олимпико“.
На натпреварот меѓу Рома и Верона, навивачите истакнаа транспарент на кој пишуваше „Талент, љубов кон дресот и желба за борба, заклучете го договорот на Свилар“.
За Свилар постоеше интерес од Баерн Минхен, Фенербахче и уште неколку европски гиганти, но сега ситуацијата може драстично да се промени и тој да продолжи да го носи дресот на римската „волчица“.