Навивачите на Реал во шок, Зидан добива отказ до среда?

Зинедин Зидан

Поразот од Мајорка и лошата игра во новата сезона би можела да значи промена на тренерската позиција во Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, Зинедин Зидан се „предал“ и до среда би требало да добие отказ од Флорентино Перез. Французинот бил разочаран од изданието на своите фудбалери, па молчел во соблекувалната по поразот, а и наредниот ден не разговарал со никој од нив.

„Сите се прашуваат што се случува и некои играчи веруваат дека Зидан се предал, чекајќи да биде отпуштен. Овој пат тој нема да им ги прости парите на „кралевите“ од Мадрид“, вели новинарот Едуардо Агире.

Доколку сега мадриѓани одлучат да го отпуштат, ќе мора да му исплатат сума од 28 милиони евра. Претходно, Зидан двапати се откажуваше од парите на својот поранешен играчки клуб.

Жозе Мурињо би требало да биде неговата замена. Португалецот прифатил да се промени и да ги смири односите со капитенот Серхио Рамос, а многу работи ќе зависат од гостувањето на Реал кај Галатасарај во Лигата на шампионите.

„Кралскиот“ клуб нема победа во групната фаза и со евентуален пораз значително ќе си ги отежни работите за пласман во осминафиналето.