• Саше Љолес
Крилниот фудбалер на ПСЖ, Квича Кварацкелија, продолжува со фантастични настапи во Лигата на шампионите, освојувајќи ја наградата за играч на натпреварот третпат по ред.
Грузискиот репрезентативец беше клучна фигура во победата на парижаните од 2-0, доминирајќи на теренот и создавајќи најголеми закани кон противничкиот гол. Со неколку опасни обиди и одлична игра во нападот, тој уште еднаш ја потврди својата класа.
Посебно се издвои неговиот погодок во второто полувреме, кога по одличен индивидуален продор успеа да го совлада голманот на „црвените“ и да ја запечати победата.
Round of 16 first leg
POTM: Khvicha KvaratskheliaRound of 16 second leg
POTM: Khvicha KvaratskheliaQuarter-final first leg
POTM: Khvicha Kvaratskhelia #POTM | #UCL pic.twitter.com/s86uFKA08q— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 8, 2026
Ова беше негов 13. гол сезонава во сите натпреварувања, од кои осум во Лигата на шампионите, а зад своето име има и четири асистенции, со што директно учествувал во 12 голови на својот тим во елитното натпреварување.
Формата на Кварацкелија не е случајна, тој блескаше и во осминафиналните дуели, каде што исто така беше прогласен за играч на натпреварот.
Со ваквите партии, навивачите повторно го нарекуваат „Кварадона“, алудирајќи на легендарниот Диего Марадона, бидејќи делува како, според нивните зборови, „пола човек, пола МВП“.




