ФОТО: Навивачите на Олимпијакос провокативно порачаа - „Македонија беше, е и секогаш ќе остане грчка“!

Македонија Олимпијакос

Жестоки провокации доаѓаат од Грција, поточно од навивачите на екипата на Олимпијакос.

Грчкиот прволигаш победи на гостувањето кај Јанина во рамки од 16. коло и ја продолжи трката со АЕК за шампионската титула. Но, во овој период, за фановите на тимот од Пиреја спортот е во споредна улога, а на прво место се става политиката, односно спорот со името со Македонија.

Нивниот став беше изразен на официјалниот Твитер профил, на кој што се појави провокација кон нашата држава.

 „Македонија беше, е и секогаш ќе биде грчка“, гласеше транспарентот.