ВИДЕО: Навивачите на Нант направија хаос на теренот, мечот со Тулуз прекинат

На натпреварот од Лига 1 помеѓу Нант и Тулуз беше забележен тотален хаос, бидејќи домашните навивачи упаднаа на теренот и предизвикаа прекин на натпреварот. Инцидентот се случи во дваесеттата минута, кога навивачите на Нант, разбеснети од испаѓањето на клубот, го пробија обезбедувањето и влетаа на теренот.

Поради опасната ситуација, фудбалерите на двата тима мораа итно да се повлечат во соблекувалните, додека безбедносните служби се обидоа да го смират хаосот на тревникот. Пред инцидентот, навивачите на Нант раширија транспарент и на тој начин им дадоа порака на фудбалерите.

„Ова ни виси над главите со години, а вие не направивте ништо за да го спречите - го заслуживте ова испаѓање. Сезоната заврши... марш во п... м...!“.

Нант моментално е на претпоследното место на табелата со само 23 освоени бода и веќе ги загуби шансите за опстанок во елитните редови на францускиот фудбал.