• Иван Димовски
Фудбалерите на Челзи и Ливерпул се судрија во финалето на Лига купот на Англија. Натпреварот се одигра пред преполни трибини на „Вембли“, а уште во воведната третина понуди возбудувања и една контроверзија.
Имено, Моизес Каиседо во 24. минута беше многу невнимателен и нагази на ногата на Рајан Гравенберг. Играчот за врска на „сините“ во обид да дојде до топката згазна директно на зглобот на асот на Ливерпул, по што тој мораше да биде заменет.
Иако стартот беше навистина остар и невнимателен, судијата Крис Кавана не го забележа и не го казни ниту со жолт картон, а изостана и реакцијата од ВАР собата за потенцијално исклучување.