• Саше Љолес
Навивачите на италијанскиот калчолигаш, Јувентус, упатија поддршка за отпуштениот тренер Игор Тудор, кој заработи отказ од управата после серијата од дури осум натпревари без победа во сите конкуренции.
Хрватскиот стратег добро ја започна сезоната, надежите пораснаа и по големата победа над Интер (4-3), но од тој момент, се чини дека сѐ тргна во надолна линија.
„Тудор е еден од нас, рибата смрди од главата“, гласеше на транспарентот кој навивачите го поставија пред клупските простории, алудирајќи на тоа дека не ја гледаат одговорноста само во работата на тренерот.
Најтрофејниот италијански клуб во моментов е на осмата позиција на табелата, со учинок од три победи, три нерешени средби и два порази.
ФОТО/PHOTO: Juventus FC/Facebook



