Навивачите на Јуве лути: Скапото засилување во ноќен клуб по дебаклот од Аталанта

Даглас Луиз го навлече гневот на навивачите на Јувентус. Торински „Тутоспорт“ пишува дека Бразилецот бил во ноќен клуб во понеделникот околу 01:30 часот - само неколку часа по поразот од Аталанта со 0-4. Ова беше и слободен ден кој Тиаго Мота го даде на своите играчи по тешкиот пораз.

Самиот Даглас Луис не играше против Аталанта бидејќи се повреди на гостувањето кај Каљари. Сепак, неговите фотографии во ноќниот клуб ги налутија и онака нервозните фанови на Бјанконерите, кои почнаа да го напаѓаат на социјалните мрежи.

Јувентус плати нешто повеќе од 50 милиони евра за Астон Вила за Даглас Луис, што го прави второто најскапо засилување за клубот оваа сезона по Копмајнерс.

Бразилецот беше и едно од најголемите разочарувања досега, откако одигра само 795 минути на 22 натпревари без да придонесе гол или асистенција.