• Сашо Поповски

Ромелу Лукаку ја оствари својата желба и денес се појави во Милано, каде го комплетира кам-бекот во екипата на Интер.
Италијанскиот гигант ќе го добие голгетерот на едногодишна позајмица. За тоа ќе плати осум милиони евра во вид на плата. Навивачите, иако го нарекуваа предавник, го пречекаа на спектакуларен начин и покажаа дека и натаму имаат љубов за него.
Белгискиот репрезентативец не се снајде најдобро во Челзи, па замина по период од само една година.