ФОТО: Навивачите на Хибернијан ги нападнаа фудбалерите на Ренџерс по Куп финалето

Финалето од Купот на Шкотска кое му припадна на Хибернијан, откако славеше над Глазгов Ренџерс со 3-2 имаше и свое трето полувреме. По завршувањето на мечот навивачите на новиот првак влегоа на тревникот на стадионот „Хемпдон Парк“ по што физички ги нападнале фудбалерите на поразената екипа. Фановите на Хибернијан исто така направиле штета на тревникот како и на стативите, а веднаш се огласија и од Глазгов Ренџерс.

„Шокирани сме од срамното однесување на навивачите на Хибернијан. Играчите и стручниот штаб на Глазгов Ренџерс беа нападната од поддржувачите на нашиот противник, откако направија инвазија на теренот, а во интерес на безбедноста не можевме да се вратиме на терен за да ги примиме медалите за второто место“, стои во соопштенито од клубот.

Инцидентот е потврден и од тамошната фудбалска федерација, како и од полицијата на Шкотска, од каде што најавуваат дополнителни информации по истрагата.