• Мартин Танасковски
Новиот формат на Лигата на шампионите е тема за која многу се зборува. Додека едни се задоволни од новата верзија на натпреварувањето, други не ги сакаат промените. Едни од противниците се навивачите на Борусија, кои сметаат дека тоа нема врска со спорт туку со профит.
На натпреварот помеѓу Дортмунд и Селтик (7-1), навивачите на јужната трибина, популарниот „Жолт ѕид“, развиорија транспарент на кој пишуваше „УЕФА МАФИЈА“, додека под него беше помало делче со порака „Вие не се грижите за спортот, туку само за пари“.
Во третиот дел од кореографијата имаше интернет-страница на која може да се најде заедничка декларација на дваесетина навивачки групи од Германија, Данска, Швајцарија, Шведска и Австрија, наменета за реформирањето на Лигата на шампионите, во која се зголеми бројот на мечеви и на клубови.
Сигурно е дека Борусија Дортмунд за оваа кореографија ќе добие казна, но германските клубови никогаш не се противеле на гласот на навивачите.