Навивачите на Челзи негодуваат, клубот „испушта од раце“ голем талент!

Управата на Челзи повлекува потег кој не им се допадна на навивачите, а е поврзан со младиот и талентиран напаѓач, Тајрик Џорџ. 

Деветнаесетгодишниот фудбалер минатата сезона доби минутажа на 25 натпревари за „сините“ и забележа учинок од два гола и две асистенции. Според информациите од Челзи, челните лица и стручниот штаб сакаат да се ослободат од младиот офанзивец, што значи дека тој наскоро ќе направи трансфер, и тоа најверојатно во Германија, од каде има огромен интерес за него. 

Борусија Дортмунд, РБ Лајпциг и Борусија Менхенгладбах веќе доставиле понуда до лондонскиот премиерлигаш, но не е познато дали се работи за позајмица или перманентен трансфер. 

За Џорџ се распрашуваат и неколку премиерлигаши, меѓу кои се Брентфорд, Брајтон, Тотенхем и Борнмут. Неговиот договор со Челзи е со важност до 2027 година. 

ФОТО/PHOTO: Chelsea FC

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.