ВИДЕО: Навивачите на Брага навиваа за Бенфика и испровоцираа тепачка со фановите на Спортинг

Фудбалерите на Спортинг Лисабон остварија висока победа на гостувањето кај Брага со 0-4, но на крајот се докажа како недоволна за освојување на титулата во шампионатот на Португалија. 

Но она што едноставно ги побесни фудбалерите и навивачите на Спортинг Лисабон, беше тоа што домашните навивачи со цело срце во текот на натпреварот навиваа за сега веќе новиот шампион на Португалија, тимот на Бенфика. Во моментите кога веќе беше јасно дека Бенфика е нов шампион, неколку навивачи отидоа кај фановите на Спортинг и едноставно испровоцираа тепачка, на која мораше да реагира и полицијата.