• Иван Димовски
Фудбалерите на Барселона беа поразени на гостувањето кај Џирона во рамките на 24. коло на шпанската Примера со што го загубија првото место на табелата. Победоносниот гол беше дело на Фран Белтран кој во 86. минута реализира за конечните 2-1.
Сепак, на овој гол му претходеше дуел на Клаудио Ечевери и Жил Кунде во кој Аргентинецот го згазна францускиот ас на Барселона.
Поради тоа играчите на фаворитот беа лути и бараа прекршок. Судијата Цезар Сото Градо одлучи да пушти да се игра, а неговата одлука беше потврдена и од ВАР собата.










