Навивачите на Баерн: „Модерниот фудбал ги убива емоциите, е*и го ВАР и УЕФА!“

Навивачите на Баерн Минхен со кореографија го изразија незадоволството од имплементирањето на ВАР-технологијата во фудбалот и генерално, модерниот фудбал во кој се најавуваат уште повеќе промени.

На натпреварот против Ливерпул во рамки на Лигата на шампионите, на трибината на тифозите на Баварците.стоеше парола, на која пишуваше „Модерниот фудбал ги убива емоциите. Е*и го ВАР; е*и ја УЕФА“.

ВАР-технологијата одамна е во Бундеслигата, а од нокаут-фазата се вклучи и во Лигата на шампионите. Во најквалитетните пет светски лиги, видео-асистенција нема само во Англија.