• Саше Љолес
Навивачите на Атлетик Билбао испратија остри и заканувачки пораки до шпанскиот репрезентативец, Нико Вилијамс, кој наскоро треба да стане нов играч на Барселона.
Највоинствените фанови на баскискиот клуб го пречкртаа неговиот мурал во градот и испишаа порака „ја загуби нашата почит, не си пожелен во Билбао“, јасно ставајќи до знаење дека не се согласуваат со неговата одлука.
Исто така, навивачите сметаат дека Вилијамс немал голема желба да игра за Барселона, туку едноставно сакал да замине од Атлетик, нешто што се потврдува со информациите од неговиот агент дека преговарал и со Челзи и со Арсенал.
Нико Вилијамс е еден од најталентираните играчи на неговата генерација. Шпанскиот репрезентативец беше во Атлетик од 2021 година и одигра 132 првенствени натпревари.
ФОТО/PHOTO: Athletic Club











