Навивачите на Аталанта со писмо: Во оваа трагедија, нема место за фудбал!

Италија е најпогодена земја од пандемијата на вирусот ковид-19. Епицентарот на „чизмата“ се наоѓа во северниот дел, односно во регионот Ломбардија, каде се наоѓаат Милано и Бергамо. 

Токму местото од каде потекнува Аталанта беше големо жариште, а многумина сметаа дека тоа е поради мечот кој го одигра овој тим против Валенсија во ЛШ. Тогаш, околу 40.000 жители на малото гратче отпатуваа на историскиот меч, што медиумите го прогласија за „биолошка бомба“. 

<<< - ПОВРЗАНО - „Биолошката бомба“ потврдена: Сите 40.000 навивачи се заразени со коронавирус

Иако ситуацијата во Италија е критична и животите ги загубија преку 7.000 луѓе, сепак многумина се надеваат дека сезоната во Серија А ќе продолжи по смирувањето на ситуацијата.

Сепак, тој став не го делат и фановите на Аталанта, кои побараа од челниците отстапување од натпреварувањата во случај на продолжување во блиска иднина. Тие дури ја прогласија оваа криза како историски масакр, па затоа побараа преседан.  

„Во овој трагичен момент за нашиот град, нема место за фудбал. Нашиот став е дека за Аталанта првенството заврши. Замислете само колку навивачи се заразени од вирусот. Доколку клубот одлучи да учествува, тоа ќе личи на немарност кон сите кои ги дадоа животите од Бергамо. Ќе дојде и нашето време, Аталанта ќе го освои Скудетото, но сега нема смисла да играат“, стои во соопштението на фановите. 

Самата екипа и фудбалери не беше во голема мера погодена од вирусот, а единствен официјално позитивен случај е резервниот голман Марко Спортиело

Аталанта играше сезона од соништата и испиша историја во Лигата на шампионите каде во првото учество обезбеди четврфинале. Во разврската на Серија А, популарната „Ла Деа“ ја очекуваше битка за последното место во елитното друштво, но останува да видиме дали истата ќе се доврши.