ВИДЕО: Навивачите кои ја одбележаа 2016 година - Ден Хааг, Исланд и Ливерпул/Борусија Д.

ФИФА навивачи награда

Овој петок ФИФА ги објави трите номинации, кои ќе се натпреваруваат за наградата најдобра навивачка група. Ова е нова категорија воведена оваа година, која ќе биде доделена на церемонијата во Цирих.

Наградата има име „Највпечатлив навивачки момент на годината“, а за неа конкурираат навивачите на Исланд, Ден Хааг и заедничката песна на Борусија Дортмунд и Ливерпул. Гласањето ќе се одвива на официјалната страница на ФИФА, а ќе биде отворено до 9 јануари 2017 година.

Изненадување во потесниот избор е изостанувањето на ирските навивачи, кои беа хит на Европското првенство во Франција со својот позитивен дух и расположение.

Ливерпул и Борусија Дортмунд:

Хуманата посвета на навивачите на Ден Хааг против Феенорд:

Исландските навивачи на ЕП во Франција:

Гласајте на официјалната страница на ФИФА