Навивачите дополнително лути – Јунајтед губеше по два милиони секоја седмица 

Во текот на претходната сезона, Манчестер Јунајтед бележеше загуби од два милиони фунти неделно и покрај враќањето на навивачите на трибините, а покрај тоа, клубот претрпе огромни оперативни загуби врз основа на астрономските плати на играчите. Сите заедно драстично го зголемија конечниот долг на клубот и дополнително ги налутија навивачите.

Манчестер Јунајтед пријави вкупна загуба од 115,5 милиони фунти за минатата сезона, со оперативна загуба од 87,4 милиони фунти.

Така, вкупниот долг на клубот е 514,9 милиони - дури 95,4 милиони повеќе од претходната состојба, што дополнително ги налути навивачите кои долги години се против американските сопственици.

Клубот толку големите загуби ги објаснува со тоа што заемот од сто милиони фунти бил искористен во име на претрпените загуби поради коронавирусот и празните стадиони за време на пандемијата.