ФОТО: Навивачи плаќаат билети, за на трибини да има нивни – маски!

Белорусија е единствената земја во Европа во која се игра фудбал, а некои навивачи не може да присуствуваат на натпреварите на омилениот клуб затоа што се „отсечени“.

Динамо Брест дојде до идеја како може оние кои сакаат да бидат на трибина да се најдат таму и воедно да помогнат. Се работи за проект со маски од ликовите на навивачите кои ќе си купат билет.

Се што треба да направите е само да купите билет за домашниот натпревар на Динамо Брест, па маска со вашиот лик ќе се најде на кукла на една од трибините. Така, ќе изгледа како фудбалерите да играат пред повеќе гледачи.

Динамо Брест одигра три меча во белоруското првенство и има една победа, едно реми и еден пораз.