ВИДЕО: Навивачи на Роналдо со вербални закани кон Франк Рибери

Фанови на Португалија и Кристијано Роналдо вербално го нападнаа поранешниот француски фудбалер, Франк Рибери, кој размени неколку пораки на социјалните мрежи со португалската ѕвезда пред финалето во Лигата на нации. 

Преписката се однесуваше на тоа дали освојувачот на „Златната топка“ мора да го има зад себе трофејот од Лигата на шампионите, а Рибери го нарече Роналдо „лицемер“ затоа што Португалецот со таа изјава е „контрадикторен сам на себе“. 

Рибери го потсети Роналдо дека токму тој ја доби „Златната топка“ кога не триумфираше во елитниот ранг на УЕФА, а навивачите на португалскиот капитен решија да му возвратат со погрдни навреди за време на мечот со Шпанија.