ВИДЕО: Навивачи го исклучија мониторот за ВАР пред судијата да гледа за пенал

Неверојатни сцени се случија на натпреварот од Бундеслига 2 меѓу Прајзен Минстер и Херта Берлин, каде што во центарот на вниманието се најде ВАР мониторот.

Главниот судија Феликс Бикел беше повикан да прегледа снимка за можен пенал за гостите по еден старт. Сепак, кога пристигна до екранот покрај теренот, го дочека црн монитор. Двајца маскирани навивачи се симнаа крај теренот и го исклучија ВАР мониторот од струја.

Иако се обидоа да му помогнат на својот тим, судијата кој не можеше да ја прегледа ситуацијата ги послуша своите колеги од ВАР собата и пак покажа на белата точка.