ВИДЕО: Навивач влета в терен и му се приближи на Халанд, по што следеше шоу

Ерлинг Халанд по повредата се врати во редовите на Борусија Дортмунд и веднаш беше јунак во победата на својот тим. Одличниот напаѓач постигна два гола во победата од 3-1 над Мајнц во саботата, и со девет гола се најде на врвот на листата на стрелци пред Роберт Левандовски, кој има два гола помалку.

Халанд е еден од најомилените играчи на фановите на Дортмунд, а еден навивач вчера влета на теренот откако заврши натпреварот за да биде блиску до својот идол. Тоа се случи пред 64.000 фанови, а навивачот на крај доби дрес од Норвежанецот, но и заедничка фотографија. 

Но, не беше само тоа, затоа што заедно со младиот напаѓач приредија шоу и ја прослави големата победа.

Состави

Бо Свенсон

3-4-2-1