ВИДЕО: Навивач на Тотенхем уринираше во чаша, па ја фрли кон фановите на Вест Хем

навивач на Тотенхем

Тотенхем и Вест Хем вчера се сретнаа на „Вембли“ во Карабао Купот на Англија, во кој „чеканите“ со епски пресврт се пласираа во четвртфиналето.

Навивачите на лондонските екипи се познати како лути ривали, а еден од домашните фанови направи нешто, што ретко се гледа на фудбалските терени. Тој уринираше во чаша за пиво, а потоа ја фрли кон поддржувачите на Вест Хем.

Сепак, радоста на крајот им припадна на гостите, кои ќе го дознаат својот следен противник на ждрепката овој четврток.