ВИДЕО: Навивач на Реал нападнат од зад грб по дербито на „Ванда Метрополитано“

Реал навивач насловна

Фудбалерите на Атлетико Мадрид беа поразени од градскиот ривал Реал и тоа на домашен терен на „Ванда Метрополитано“.

Со трите бода, „кралевите“ го прескокнаа лутиот противник и се искачија на второто место во Примера, веднаш зад лидерот Барселона.

Дека не им беше сееден овој неуспех на нивните миленици, навивачите на „јорганџиите“ покажаа по мечот, кога со свирежи и негодувања ги испратија актерите од теренот.

Најагресивен беше еден гневен фан на Атлетико, кој од зад грб нападна човек кој носеше дрес од „кралскиот“ клуб, очигледно приврзаник на гостите. Неговиот пријател се обиде да ја смири ситуацијата, која на крај сепак не прерасна во нешто посериозно.