ВИДЕО: Навивач го собори голманот на Шибеник и сакаше да се пресмета со противничките фанови!

Фудбалерите на Шибеник успеаја да забележат важна победа во деветтото коло од третата хрватска лига, победувајќи го Задар со 1-0. Со овој триумф, играчите на Шибеник се израмнија со по 18 бода и го делат второто место на табелата.

Но, натпреварот беше одбележан и со инциденти. Поради потенцијални судири меѓу навивачките групи, натпреварот беше прогласен за високоризичен, а присуството на полицијата и специјалните сили беше зголемено. Безбедносните служби беа во состојба на зголемена готовност, со најава за снимање на целиот настан.

Но и покрај тоа се случи еден голем инцидент, откако еден навивач на Задар влезе на теренот и го удри голманот на Шибеник пред да истрча кон гостинските навивачи. Овој инцидент укажува на сериозен пропуст од страна на безбедносната служба за време на натпреварот. За среќа навивачот брзо беше совладан од редарската служба и натпреварот продолжи.