Навивач четири месеци не можеше да зборува поради срцев удар, а потоа ги шокира сите со првата реченица! 

Дарен Томсон, еден од најверните навивачи на Хибернијан, неодамна доживеа срцев удар по кој со месеци не е во можност да го следи својот омилен клуб.

Дарен е еден од најпознатите навивачи на шкотскиот прволигаш и речиси на сите натпревари во последните години ги бодреше своите фудбалери. Сепак, како последица на срцевиот удар, 22-годишниот навивач е оддалечен од фудбалските терени. 

Тој првите месеци по несреќниот случај ги мина во болница и беше неподвижен, а долго време не можеше ниту да зборува. Но, по четири месеци Дарен го шокира болничкиот персонал со својата прва реченица. 

Всушност, додека болничкиот персонал во неговата соба разговарале за фудбал, тој сфатил дека тие се фанови на најлутиот ривал на Хиберниан, Хартс и зборуваат токму за меѓусебен дуел на големите ривали, по што следуваше голем шок за нив, откако го слушнале Томсон како им вели: „Хартс е сра*e“. 

„Минав низ многу тежок период. Навистина ми беше многу тешко, бидејќи не можев да зборувам. Не знаев што се случува. Тогаш ги слушнав докторите како зборуваат за фудбал и го спомнаа Хартс, по што сфатив дека за мене се грижат фанови на мојот најомразен клуб. Им реков дека тој клуб е срањ*e и тие се завртија кон мене. Во тој момент бев многу среќен, не само што ја кажав првата реченица, бидејќи таа беше посветена во одбрана на мојот омилен клуб“, изјави Томсон. 

По 30 одиграни кола во шкотската Премиершип лига, тимот на Томсон, Хибернијан ја зазема 6-та позиција со 45 бода, само два помалку од големиот ривал Хартс.