Навас: Желбата да го напуштам Реал е иста како таа за да умрам

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, не ни помислува да си замине од редовите на европскиот шампион, иако од вчера тимот е посилен за најдобриот голман на последното Светско првенство, Тибо Куртоа. 

Навас, кој беше еден од најзаслужните фудбалери за трите титули на „кралевите“ по ред во Лигата на шампионите, ги демантираше сите шпекулации дека ќе го напушти Реал Мадрид и најави борба за позицијата на прв голман во тимот на Лопетеги. 

„Се разбира дека останувам. Имам иста желба да си заминам, како и да умрам“, сликовито објасни Навас. 

31-годишниот репрезентативец на Костарика во редовите на Реал Мадрид пристигна во 2014 година од тимот на Леванте.