ВИДЕО: Навас со КАТАСТРОФАЛЕН КИКС - Јуве стигна до посакуваните 0-3!

Матуиди гол

По вчерашниот шок на Барселона против Рома, никој не очекуваше дека слична ситуација ќе го снајде и бранителот на титулата, Реал Мадрид, кој од Торино пред една недела обезбеди предност од високи 0-3.

Јувентус игра како во транс и по еден час игра на „Сантијаго Бернабеу“ ја анулираше предноста со двата гола на Марио Манџукиќ и Блес Матуиди. Францускиот играч за врска ја искористи катастрофалната реакција на Кејлор Навас, кој му дозволи лесно да го постигне третиот погодок во домашната мрежа.

Погледнете ја аматерската грешка на голманот на „кралевите“: